Ќе се гради модерна делница Демир Капија - Смоквица

Bez autora
Sep 21 2011

Со финансиска помош од Европската банка за обнова и развој(ЕБОР) од средината на 2012 година ќе стартува изградбата на делницата Демир Капија - Смоквица во должина од 28 километри, што е дел од патниот Коридор 10. Проектот треба да се реализира за 5 години, а со вчерашното потпишување на договорот во Министерството за финансии со ЕБОР, Република Македонија во целост ја заокружи финансиската конструкција за изградба на Коридорот 10, со што целосно ќе се обезбеди автопат со решение на најзначајната рута во земјава. За министерот за финансии, Зоран Ставрески, Коридорот 10 ја поврзува Македонија на север со Европа, а на југ со значајното солунско пристаниште, така што со изградбата ќе се забрза протокот на стока и луѓе. Вкупната инвестиција за оваа делница е 271 милиони евра, а финансиската конструкција е затворена со 130 милиони евра што претходно беа обезбедени од Европската инвестициска банка.

Ќе се гради модерна делница Демир Капија - СмоквицаСо финансиска помош од Европската банка за обнова и развој(ЕБОР) од средината на 2012 година ќе стартува изградбата на делницата Демир Капија - Смоквица во должина од 28 километри, што е дел од патниот Коридор 10.

Проектот треба да се реализира за 5 години, а со вчерашното потпишување на договорот во Министерството за финансии со ЕБОР, Република Македонија во целост ја заокружи финансиската конструкција за изградба на Коридорот 10, со што целосно ќе се обезбеди автопат со решение на најзначајната рута во земјава.

За министерот за финансии, Зоран Ставрески, Коридорот 10 ја поврзува Македонија на север со Европа, а на југ со значајното солунско пристаниште, така што со изградбата ќе се забрза протокот на стока и луѓе.

- Вкупната инвестиција за оваа делница е 271 милиони евра, а финансиската конструкција е затворена со 130 милиони евра што претходно беа обезбедени од Европската инвестициска банка. Од ЕБОР обезбедуваме вкупно 107 милиони евра од кои 90 милиони наменети се за изградба на автопатот, а 17 милиони за осовременување на патарините, односно нивна автоматизација и изградба на уште четири нови наплатни станици - истакна Ставрески по вчерашното потишување на договорот со Сју Барет, директор на ЕБОР.

За оваа делница 45 милиони евра се обезбедени од ИПА грант од ЕУ за изградба на Коридорот 10, но и 6 милиони евра е учество од Буџетот на РМ.

Заемот е обезбеден со исклучително поволни услови, односно 15 години рок на отплата со грејс период од три години и каматна стапка од околу 2,7 проценти. Ставрески најави дека соработката со ЕБОР продолжува и со други проекти како што е гасификацијата, изградбата на железничката пруга.

Наташа Волкановска, директор на Агенцијата за државни патишта рече дека изградбата на делницата треба да заврши за пет години.

- Со заемот ќе се модернизираат и постоечките патарини, а ќе се изградат и 4 нови наплатни станици. Проектот ќе започне исто така кон средината на 2012 година, а треба да заврши за три години - вели Валкановска и додава дека дополнително ќе бидат донесени одлуки за висината на патарината.

Што се однесува за промената на условите на тендерот вицепремиерот задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски појасни дека домашните компании не се спречени да учествуваат на овој тендер, но тие треба да бидат составен дел од корзорциумот што би се формирал од неколку компании кои што можат да учествуваат.

- Забелешката е дека тие не можат самостојно да учествуваат на овој проект кој што надминува 300 милиони евра, а критериумот во тендерската документација е оставен на корзорциум на компании кои што во изминатите три години имаат изградено автопати во вредност од 200 милиони евра - вели Пешевски.

Тој појасни дека Владата ќе направи обид без притоа да се загрози квалитетот на проектот, да побара промена на критериумите, но доколку тоа изискува продолжување на тендерот, ќе се задржат постоечките критериуми. Пешевски додава ека до овие критериуми е дојдено со консултација на врвни консултанти и тие предлагаат да се оди со ваков вид на решение.

Сју Барет, директор на ЕБОР за проекти во транспортниот сектор информира дека Банката ќе обезбеди грант средства за техничка соработка во износ од 650 илјади евра што ќе помогне при склучувањето на договорот за електронска наплата на патарини.

- Банката ќе ја поддржи Владата во склучување на проекти врз основа на јавни приватни партнерства во патниот сектор - вели Барет и потсетува дека за транспортниот сектор во Македонија, ЕБОР позајмила досега околу 250 милиони евра.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik